Економија, финансии, бизнис

Контакт

Следниот претседател на САД ги наследува профилите на Обама на социјалните мрежи

Следниот претседател на САД ги наследува профилите на Обама на социјалните мрежи

Белата куќа соопшти дека официјалниот профил на американскиот претседател, Барак Обама на „Твитер" - @POTUS (од President of the United States - претседател на САД), ќе биде наследен од неговиот наследник на функцијата. 

Следниот претседател на САД ќе почне со огромен број следбеници - 11,1 милиони, но со чисто поле за пораки. Обама ќе добие нов профил.

Истото ќе биде направено со профилите на „Фејсбук" и „Инстаграм", како и со други профили на „Твитер", вклучувајќи го и оној на првата дама Мишел Обама @FLOTUS (First Lady of the United States - прва дама на САД) и на потпретседателот, Џо Бајден.

Од Белата куќа велат дека снимките  со времетраење од илјадници часови и милионите слики од профилите се пренесуваат во дигитален архив.

Обама ќе ја напушти функцијата со многу поголем обем од дигитални содржини за архивирање од кој и да било претседател на САД пред него.


Слично

Поврзани вести