СЛЕДНАТА МУТАЦИЈА ЌЕ БИДЕ ИМУНА НА СИТЕ ВАКЦИНИ: Можна е појава на „супер сој“, предупредува германски министер
Следната мутација
на Ковид-19 може да биде отпорна на сите вакцини, предупреди денеска германскиот
министер без ресор, Хелге Браун, според кого можна е опасност од „супер сој“.
Во интервју за „Билд”, Браун вели дека Германија во моментот е во најопасната фаза на пандемијата.
– За жал, сите стравови се покажаа
точни. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е
предизвикан од позаразна мутација. Следните недели ќе бидат одлучувачки за тоа
дали наскоро ќе можеме да ја ставиме пандемијата под контрола. Ако сега,
паралелно со вакцинирањето расте и бројот на инфекции, тогаш расте и опасноста
дека следната мутација ќе биде имуна на вакцината, објасни тој.
Според него состојбата со вирусот би се подобрила во мај, пред се заради
големиот број вакцинирани, како и поради затоплување на времето.
