СЛЕДНА МЕТА НА ИСИС Е ЊУЈОРК? Цел град е под високи мерки на безбедност за Нова година
Мерките за безбедност за дочек на Новата година во Њујорк ќе бидат на највисоко ниво, изјавил синоќа градоначалникот Бил де Блазио.
„Големата јаболка“ е многу популарна дестинација за 31 декември, а секоја година околу милион луѓе се собираат на познатиот „Тајмс Сквер“, соопштуваат агенциите.
Де Блазио изјавил за локалното радио дека оваа година во Њујорк е спремен и планира големи мерки на безбедност за новогодипните празници.
Градоначалникот додал дека огромен број на полицајци ќе бидат присутни на улиците, вклучувајќи и голем број на припадници од антитерористичките сили.
По париските напади во ноември, на едно од пропагандните видеа на терористичката организација „Исламска држава“ се прикажани Њујорк и Тајмс Сквер“, потсетуваат агенциите.
