Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛЕДНА ЈУГОСЛАВИЈА: Моќна земја која може да се распадне како СФРЈ

СЛЕДНА ЈУГОСЛАВИЈА: Моќна земја која може да се распадне како СФРЈ

Францускиот писател Тијери Мејсан, кој е познат теоретичар на заговори, неодамна објави ново дело во кое предвидува дека моќна земја ќе ја доживее истата судбина како Југославија.

Тој смета дека дека како резултат на таен договор меѓу американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин, наскоро Саудиска Арабија ќе биде поделена на три дела.

Мејсан пишува дека откако Саудиска Арабија ќе се подели, потоа на мета е и Турција, за на крајот да се создаде држава Курдистан.

Геополитичката логика е доста комплицирана. Турција и Саудиска Арабија се званично главни американски сојузници во регионот.

Но, теоретичарот пишува дека Саудиска Арабија е родно место на селафизмот, вехабистички ислам чии приврзаници веруваат дека ќе одат во рајот ако се жртвуваат како маченици во име на џихадот. Токму поради од таму доаѓаат најголемиот број на бомбаши –самоубијци.

Турција пак, почна да го руши големото наследството од големиот Кемал Ататурк кој ја направи секуларна држава. Со враќањето на исламизмот Турција би се вратила во среден век, а тоа би ја направило несигурен сојузник на САД, која што почна да се врти кон посигурниот партнер- Курдите.

Факт е дека Курдите со помош на авијацијата на САД, ги исфрлија силите на Исламската Држава од градот Синџара.  Сириските Курди до пред два месеци беа на страната на сириската војска, но нагло ја променаа ориентацијата и станаа сојузници на САД.

Тоа покажува дека нешто големо се спрема – смета теоретичарот Мејсан.

Америка ги наговори драматично да ја симнат цената на нафтата, но колатералните жртви на тој договор се самите Саудијци, чиј буџет падна за десетици милијарди долари.

Мејсан тврди дека во Саудиска Арабија меѓу владините елити има проблеми и несогласувања кои се борат за поголема моќ. Во таа земја постојат три кланови: кланот на кралот Селман, кланот на кралот Абдул и кланот на принцот Бондар.

Теотеричарот Мејсан е уверен дека ќе дојде до поделба на наследството измеѓу трите кланови, а со тоа и до поделба на државата.

Слично

Поврзани вести