Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Следи најкрвавата фаза од војната“:Зеленски очаен, вели го срамниле регионот со земјата

„Следи најкрвавата фаза од војната“:Зеленски очаен, вели го срамниле регионот со земјата

Зеленски очекува дека последната фаза од војната ќе биде најкрвава.

За време на вчерашниот говор пред украинските студенти, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека сѐ уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава, објавија локалните медиуми.

Синоќа и украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека источен Донбас го претвора во „пекол“, додека таму се водат интензивни борби.

Говорејќи во своето ноќно обраќање од Киев, тој рече дека руските сили го израмнија регионот. 

„Постојани се удари врз регионот на Одеса, врз градовите во централна Украина. Донбас е целосно уништен“, рече тој.

„Сето ова не постои и не може да има никакво воено објаснување за Русија. Ова е намерен и криминален обид да се убиат што е можно повеќе Украинци, да се уништат што повеќе куќи, социјални објекти и фирми“, додаде Зеленски.

Украинското Министерство за одбрана во четвртокот ја обвини Русија дека ги интензивирала нападите во Донбас и ги спречува цивилите да бегаат.


Слично

Поврзани вести