Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛЕДЕТЕ ГИ ВО ЖИВО: Полицијата ги заобиколила терористите, акција недалеку од аеродромот!

СЛЕДЕТЕ ГИ ВО ЖИВО: Полицијата ги заобиколила терористите, акција недалеку од аеродромот!

Полицијата северно од Париз ги заобиколина осомничените терористи кои во нападот на редакцијата на весникот „Чарли Ебдо“ убиле 12 лица, јавија француските медиуми, пренесува бета агенцијата.

Осомничените на полицијата преку телефон и рекле дека сакаат да умрат како маченици, рекол еден француски претставник.

Напаѓачите држат најверојатно еден заложник во зградата на  на печатницата на неколку километри од аеродромот во Париз Шарл де Гол.

Во тек се преговори со осомничените терористи и полицијата.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев потврдил дека е во тек полициска акција со цел да се „неутрализираат“ напаѓачите во местото Дамартен.

Во потрагата за осомничените, браќата Куачи, кои утрово при бегство украле автомобил од типот на пежо, уклучени се повеќе од илјада припадници на елитните единици на француската полиција и жандармерија.

Најмалку два лета се откажани денеска ка аеродромот Шарл де Гол. Околните болници се во состојба на  подготвеност.

Училиштата се затворени а на граѓаните им е кажано да не излегуваат на улица.

Sky News Live директно од местото на настанот следете ги на линкот подолу!
Слично

Поврзани вести