Слабиот јен го зголеми јапонскиот трговски дефицит
Јапонскиот трговски дефицит е четирикратно зголемен во март со оглед дека слабиот јен го поскапе увозот на горива, но истовремено не им помогна на извозниците, покажаа официјалните податоци објавени во четвртокот.
Вредноста на увезените стоки и услуги во март беше поголема за 362,4 милијарди јени (3,7 милијарди долари) од вредноста на извозот, со што разликата е четири пати повеќе во однос на истиот период лани.
Во истиот период курсот на јенот во однос на доларот ослабнал за дури 16 отсто, што значително ги зголеми трошоците за увоз на фосилни горива, чии се цени искажани во американска валута, а Јапонија е принудена да ги увезува за производство на електрична енергија
Извозот во март пораснал за 1,1 отсто, на 6.270 милијарди јени, потпомогнат од седум-отстотен скок на испораките во САД.
Увозот, пак, скокнал за 5,5 отсто, на 6.630 милијарди јени, со зголемена набавка на сурова нафта за седум отсто и на природниот гас за 8,88 отсто.
Слично
