Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скромниот милијардер го надмина Гејтс-што прави сега?

Скромниот милијардер го надмина Гејтс-што прави сега?

Амансио Ортега сега најбогатиот човек, основач на Индитекс кој е сопственик на Зара, купил облакодер за 490 милиони евра.

Се работи за најпознатиот облакодер во Мадрид познат како „Torre Picasso”, а зградата има 43 ката. Ортего го пазарил преку својот инвестиционен фонд.

Купувањето е уште еден чекор на овој славен милијардер во настојување да изгради империја од своите компании.

Пред пет години Ортега одлучил водењето на своето модерно царство да им го препушти на другите, иако задржал 60' од сопственоста. Од тие причини во последните неколку години го насочил вниманието на тоа да ја искористи економската криза и пад на цените на недвижнини на светскиот пазар.

Денес поседува околу 26 згради ширум светот чија вредност се проценува на околу 5 милиони долари.

Во неговото портфолио се и четири нови згради во Мадрид, Њујорк и Лондон, со вкупна вредност на околу 830 милиони долари, а во негова сопственост е и еден од најлуксузните хотели во Америка "Epic Residences & Hotel" во Мајами. Дури станал најбогат сопственик на недвижнини во Велика Британија, престигнувајќи го во тоа и Војводата од Вестминстер.

Гас, банкарство, и туризам се останатите гранки во кои Ортега ги вложува своите пари, а инвестирал во Фондацијата „Паидеиа“.

На прагот на деветата деценија од животот, продолжува да важи за еден од најнедостапните богаташи за медиумите.Секогаш се трудел колку што е можно повеќе да ја сочува својата приватност и приватноста на своето семејство. Како и сам што рекол во една прилика: „Доволно е во медиумите човек да се појави три пати-кога се роди, кога се ожени, и кога умре“.


Слично

Поврзани вести