Скромна учителка остави над 6 милиони долари на своето градче
Тивка и скромна пензионирана учителка од Симсбери , Конектикат сакала нејзиното наследство , кое според неа било во вредност од околу 40 000 долари , да биде поделено меѓу училишта, цркви и добротворни организации во нејзиниот град.
Кога Карлин Магоун сепак отишла кај својот адвокат за да го среди тестаментот неколку години пред смртта во 2011 година , таа со чудење разбрала дека состојбата ја чини милиони . Таа не само што располагала со акции кои чинеле многу повеќе отколку што замислувала, но имала и обврзници од воено време , за кои заборавила.
Цели две години им биле потребни на адвокатите , за да ги разгледаат различните сметки на Магоун , долгогодишната учителка, која починала на 87 години , оставајќи над 6 милиони долари на различни добротворни организации. Магоун оставила околу 500 000 долари на државните училишта во нејзиниот град , а други 375 000 долари на нејзината црква , објави Hartford Courant .
Корисниците на парите споделиле дека немале поим дека Магоън располага со толку многу пари .
" Нејзината донација е најголемата во последните 33 години ", изјавила за Yahoo News Кејти Вајлд , извршен асистент на директорот на државните училишта во Симсбери .
Магоун им предавала на првачињата во основното училишта во градот цели 35 години пред да се пензионира во 1984 година. Таа не се мажела и немала деца. Живеела во обична куќа.
Слично
