Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скотланд Јард во домот на Березовски, се бара причината за смртта на олигархот

Скотланд Јард во домот на Березовски, се бара причината за смртта на олигархот
Откако вчера јавноста беше известена за смртта на рускиот ологарх Борис Березовски, денеска Скотланд Јард и експерти на британската полиција за хемиска, биолошка и нуклеарна контаминација пристигнаа во неговиот дом за да испитаат дали има присуство на супстанци и материјали кои би можеле да ја предизвкуаат неочекуванатата смрт на политичкиот дисидент, кој во 2000 година пребега од Русија во Велика Британија. Засега нема соопштение за тоа дали е откриено нешто сомнително, но екипата на Скотланд Јард сеуште ја ја третира смртта на Березовски како „необјаснета“. Борис Березовски (67) беше најден мртов во вчера од членовите на неговото обезбедување. Откако била известена, полицијата го презела мртвото тело на олигархот за детално испитување. Во јавноста проструија тврдења дека станува збор за инфаркт, но се шпекулира и дека можно е да се работи за самоубиство. Березовски побегна од Русија во Лондон, по судирот со претседателот Владимир Путин  кој со помошта на олигархот успеа да влезе во Кремљ. Во Велика Британија стана најостриот критичар на Путин и на неговата власт, па беше означен како најпознатиот дисидент во посткомунисточка Русија. Полицијата не ја отфрла можноста за срцев удар, но Березовски беше голем пријател и подржувач на убиениот дисидент Александар Литвиненко кој беше отруен со радиоактивниот полониум 212, па се претпоставува дека затоа Скотланд Јард одлучи да трага и по можноста како причина за смрта на Березовски да биде и присуството на некој вид контаминација во неговиот дом.
Слично

Поврзани вести