СКОРО ПОЛОВИНА ГЕРМАНЦИ ПРОТИВ ОТВОРАЊЕ ГРАНИЦИ: Голем дел се откажале од плановите за одмор
Речиси половина Германци поддржуваат затворање на границите за oва лето.
Скоро една третина од жителите на оваа земја веќе се откажале од планирањето на летен одмор, додека 22 проценти се против патување во странство.
Само 18 отсто од испитаниците одговориле дека ќе останат на своите планови за годишен одмор.
Речиси секој втор Германец не сака отворање на границите во Европа за потребите за летување, се наведува во истражувањето на јавното мислење објавено денеска.
Дваесет проценти од Германците се за ослободување кон одредени држави, а само 13 проценти се залагаат за потполно укинување на блокадата меѓу земјите во ЕУ.
Испитувањето го изработи институтот „YouGov“, на барање на германските агенции.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, повеќе пати ги повтори проценките дека оваа година нема да има патување во странство.
Слично
