Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 90.000 непридружувани малолетници побараа азил во ЕУ

Скоро 90.000 непридружувани малолетници побараа азил во ЕУ

Лани 88.300 непридружувани малолетни лица побарале азил во Европската унија.

Од нив 13% се деца помлади од 14 години, кои побарале безбедност во ЕУ. Повеќе од 90% од малолетниците кои патуваат без родител или старател се машки. Половина се Авганистанци, а зад нив се  Сиријците, со 16% од вкупниот број. По Шведска, Германија, Унгарија и Австрија се главни дестинации за непридружуваните малолетни лица кои бараат азил.

Повеќе од еден милион луѓе кои бегаат од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток и Африка стигнале во Европа минатата година.

Малолетните лица сочинуваа околу една третина од 1,26 милиони апликации за азил, кои  за прв пат се поднесени во ЕУ лани.

Слично

Поврзани вести