Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 660.000 нови заразени има во светот за 24 часа

Скоро 660.000 нови заразени има во светот за 24 часа

За 24 часа во светот со коронавирус се заразиле 659.000 луѓе.  Oвој податок синоќа го објави Светската здравствена организација (СЗО).

Најголем број случаи имало во Европа – 41 процент (275.728 случаи), па потоа следуваат Северна и Јужна Америка (220.277) и Југоисточна Азија (94.908). 

Досега, 2.820.098 луѓе починаа од коронавирусот. Најмногу заразени има во САД, каде што Ковид-19 е потврден кај повеќе од 31,24 милион луѓе. Потоа следуваат Бразил со 12,84 милиони лица заболени од коронавирус, Индија со 12,3 милиони лица, Франција со 4,69 милиони, Русија со 4,55 милиони и Велика Британија со 4,33 милиони. Зад нив се Италија, Турција и Шпанија, а потоа следат Германија, Колумбија и Полска. 

Источен Тимор, Доминика, Нова Каледонија, Лаос, Макао, Фарските острови и неколку други засега немаат починати од вирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести