Скопин: Руската наука е мртва по 24 февруари, а земја без наука нема иднина
Русија ќе трпи штети од војната во Украина. Професор кој неодамна е отпуштен од Универзитетот во Санкт Петерсбург затоа што бил на антивоен протест, Денис Скопин, изјави дека сега во Русија се одвива одлив на мозоци поради кој многу работни места на универзитетите ширум земјата се празни.
Тој во интерјву за Би-би-си Скопин објасни дека отказот му е врачен поради „неморално однесување“, откако десет дена поминал во притвор.
„Луѓето кои беа покрај мене во притвор беа ИТ специјалисти, научници, лекари, учители, студенти. Моите студенти добро разбираат што се случува во моментот во Русија. Не го одобруваат тоа. Околу 25 отсто од моите колеги веќе ја напуштија Русија“, вели тој.
Вели дека тоа што луѓето заминуваат ќе биде катастрофа за руската наука, но како што рече, од ова корист може да имаат соседните земји, посебно Казахстан.Професорот кажа дека руската наука е мртва по 24 февруари, а земја без наука нема иднина. Научниците со писмо на почетокот на инвазијата бараа војната да запре, но тоа не вроди со плод. Имаше и антивоени демонстрации на кои власта апсеше демонстранти. Инвазијата почна на 24 февруари.
