Скок на цената на нафтата поради сириската криза
Падот на доларот и стравот од еккалирање на кризата во Сирија доведе до поскапување на цената на нафтата која на берзите скокна на 105 долари за барел. Така во Лондон, суровата нафта поскапе за 32 центи односно на 105,27 долари. На американскиот пазар пак , еден барел се зголеми за 27 центи на 96,95 долари.
Претходно, за еден барел кој треба да се испорача во јули се тргуваше по цена од 102,75-104,25 американски долари, или за во август да дополнителни 1,39 долари.
Откако американскиот претседател Барак Обама за прв пат ја одобри испораката на американско оружје за бунтовниците во Сирија, а нафтата поскапе, станува се поизвесно дека ќе има ескалација на вооружениот конфликт, коментираат познавачите на состојбите.
Слично
