Скапиот кромид удри по економијата во Индија
Поради растот на цената на кромидот расте инфлацијата во Индија. Овој зеленчук многу се користи во домаќинствата како составен дел на националното јадење со кари.
За стотици милиони сиромашни во земјата, кромидот е единствениот извор на витамини. Токму нив најтешко ги погодува растот на цената. Во моментов, килограм кромид чини речиси 100 рупии, односно околу евро и 22 центи. Тоа е петпати повеќе отколку пред само три месеци.
Политичарите во Индија одговорноста за состојбата ја префрлаат врз трговците. Тие наводно вештачки ја зголемуваат цената складирајќи го кромидот во магацините.
Во меѓувреме индиската влада одлучи да откупи повеќе стотици илјади тони кромид од странство. Растот на цените на животните намирници за владејачката партија доаѓа во незгодно време. Најдоцна во мај следната година во земјата се одржуваат парламентарни избори.
Слично
