Скапи станови – европска реалност
Становите во Франција се најпреценети во Европа во однос на приходите по домаќинството, покажа истражувањето на Економист. Истражувањето покажува дека изнајмувањето на стан во Франција е за 39 проценти поскапо од реалната цена, а цената по квадратен метар за станови на продажба за 34 проценти.
Студијата покажа дека во прашање на кирии и приходите на домаќинствата, Франција се класифицира најлошо, јавува и француски Фигаро.
Во Велика Британија, на пример, наемнините се преценети за 19 отсто, во Шпанија за 15 проценти. Од почетокот на хипотекарната криза од 2007 година, цените на домувањето во повеќето европски земји се паднати. Така во Шпанија се намалени за 26,5 отсто во Холандија до 16,5 отсто, во Велика Британија 11,4, додека во Франција, во истиот период се зголемиле за 1,1 отсто.
На кратко, според Економист, постои вистински балон кај недвижностите во Франција, кој според француските агенции за недвижности не е ни блиску до напукнување.
Сепак, се чини дека Франција не е единствената земја во светот каде што постои овој надуен балон кај цените на недвижностите.
Во Канада, наемнините се преценети за дури 73 проценти, а цената по квадратен метар за 32 проценти. Во Хонг Конг исто така има загрижувачка ситуација, кириите се за 81 отсто повисоки од реалните, додека истовремено растот на цените на имотот изнесува 109 отсто од крајот на 2007 година.
Слично
