Скандалозни изјави на милијардери: Фантастично е што има 3,5 милијарди сиромашни во светот!
Канадскиот бизнисмен и инвеститор Кевин О’Лири, кој поседува 300 милиони долари, ја шокираше јавноста со нечувствителна изјава за сиромаштијата во светот.
Коментирајќи го последниот извештај на хуманитарната организација „Оксфам“, во кој се наведува дека половина од светското богатство се наоѓа во рацете на 85 луѓе, О’Лири изјавил:
„Тоа е фантастично! Тоа ќе ги инспирира луѓето и ќе ги мотивира да се угледаат на тој еден процент најбогати. Ќе си кажат самите: јас ќе станам еден од нив, ќе се борам за да стигнам на врвот“.
Кога зачудената водителка го запрашала како еден жител на Африка, кој нема ниту чорапи, може да се бори за статус на милионер, богатиот бизнисмен одговорил: „Не ми зборувајте за редистрибуција на богатството. Тоа никогаш нема да се случи. Но, ако работите напорно ќе можете еден ден да станете екстремно богати“.
Еве ја неговата изјава:
http://www.youtube.com/watch?v=Pege6GUNaHM
Сепак, О’Лири не е единствен богат бизнисмен кој не се чувствува привилегиран со неговиот статус. Том Перкинс, еден од основачите на компанијата „Клеинер Перкинс Кофилд енд Бајерс“ , се пожали дека останатиот свет грубо се однесува кон богаташите.
Во контроверзно писмо упатено до „Волстрит журнал“, бизнисменот тежок осум милијарди долари, изјавил дека остатокот од светот се однесува кон богатите луѓе „како што се однесувале нацистите кон Евреите“, а против тој еден процент супербогати луѓе во светот се води „прогресивна војна“.
„Забележав растечка плима од омраза кон тој еден процент успешни и тоа го сметам за многу опасна струја“, рекол Перкинс, чија компанија инвестира во „Амазон“, „Гугл“, „Фејсбук“ и други големи фирми.
Слично
