Скандалозна изјава на американски милијардер: Нас богатите не прогонуваат како Евреи
Инвеститор од Силиконската долина, Том Перкинс, кој е „тежок“ осум милијарди долари, предизвика бурни реакции во јавноста со својот став за денешниот однос на општетсвото кон богатите.
Во писмо кое го објави Волстрит Журнал, Перкинс крајно неумесно ги споредува нападите на „прогресивните активисти“ на најбогатите еден отсто од граѓаните, со хајката на Евреите во нацистичка Гермнаија од 30-те години на минатиот век.
Перкинс, во скандалозното писмо, го поврзува движењето „Окупирај“ со „Кристалната ноќ“, злогласниот прогом на Евреите во ноември 1938 година, пишува британски Телеграф.
„Пишувајќи од епицентарот на прогресивните мисли, Сан Фрнациско, би повикал да с еобрне внимание на паралелата помеѓу фашистичка, нацистичка Германија и војната против нејзините „еден отсто“, имено нејзини Евреи, со прогресивната војна кон американските еден отсто богаташи“, напишал Перкинс во писмото насловено „Стигнува прогресивната Кристална ноќ?“
„Од движењето Окупирај до демонизација на богатите, вградени во секој збор на нашите локални весници од Сан Франциско Криникл, воочувам растечка плима на омраза кон успешните еден отсто“, порачува тој.
Перкинс ја спомнува антипатијата во Сан Франциско кон луксузните „Гуглови автобуси“ кои превезуваат работници до нивните добро платени работни места, како и се поголем гнев поради порастот на цените на недвижностите до што довеле богатите купувачи кои работат во интернет компании.
„Тоа е многу опасно свртување во нашето американско размислување... Кристалната ноќ била незамислива во 1930; дали нејзиниот наследен прогресивен радикализам е незамислив сега?“, прашува Перкинс.
Перкинс е еден од основачите на познатата инвеститорска компанија "Kleiner, Perkins, Caufield & Byers" (KPCB). Таа компанија е основана 1972 година и имала важна улога во развојот на Силиконската долина.
Неговиот став веднаш предизвика реакција и во самата KPCB од каде наведуваат дека Перкинс веќе со години не учествува во работата на компанијата, и порачуваат да се осудат неговите коментари.
Неговите ставови негативно ги коментираа и многу технолошки претприемачи од Силиконската долина.
Корисниците на Твитер го исмеаја Перкинс како „богат идиот“, а Лон Анџелес Тајмс го оцени неговото писмо како „будало, вулгарно и срамотно“.
А.А.
Слично
