СКАНДАЛОЗЕН ПРОЕКТ: Мека станува шопинг дестинација со луксузни хотели!
Мека, местото на најголемите муслимански светилишта и на најголемиот аџилак во светот, затоа што се верува дека во неа е роден пророкот Мухамед, би можела наскоро да исчезне и да биде покриена со мермер на нова кралска палата.
Станува збор за проект вреден неколку милијарди фунти, чија реализација би значела уништување на стотици од највредните историски и религиозни споменици за исламскиот свет.
Проектот на т.н. проширување на Големата џамија, која милиони аџии ја посетуваат секоја година за време на аџилакот, започна пред неколку години.
Според проценките на Заливскиот Институт, веќе се уништени 95% од објектите во Мека кои биле изградени пред 1.000 години, а на нивно место се градат луксузни хотели, апартмани и трговски центри. Минатата недела, на пример, биле уништени столбови од Османлиското царство, кои биле поставени во чест на заминувањето на Пратеникот на небото.
Мека инаку е најсвето место за муслиманите, бидејќи според преданијата, во неа е роден пророкот Мухамед, а таму е сместено и светилиштето Каба, обликувано во форма на коцка од црн гранит, што ја изградил Абрахам.
Ирфан Алави, од Исламик Херитиџ Фондацијата за истражување во Лондон, вели дека до крајот на годината веројатно ќе исчезне и куќата Мавилд, за која се верува дека токму таму бил роден пророкот Мухамед во 570 година.
За се ова е виновен кралот Абдула, формален заштитник на Големата џамија, за кој се гради нова палата за да престојува во неа кога ќе доаѓа во Мека. Новата палата ќе биде пет пати поголема од досегашната.
Локалните жители гледаат што се случува, но не се осмелуваат јавно да зборуваат. Во одбрана на уништувањето на историските изданија неодамна застана и Големиот Муфтија на Саудиска Арабија, шеикот Абдул Азиз Бин Абдула ал-Шеик, кој изјави дека уривањата се неопходни и дека народото треба да биде благодарен за она што го прави власта, затоа што се зголемува капацитетот на Големата џамија.
Слично
