СКАНДАЛ ВО ВИЕНА: Персонал на Клиничкиот центар АКХ против вакцината на АстраЗенека
Потпишуваат и
петиција, не сакаат да случнат за оваа вакцина.
Лекарите и медицинскиот персонал на виенскиот Клинички центар АКХ се против примањето на вакцината од производителот АстраЗенека. Со петиција преку Интернет, која веќе ја потпишаа повеќе од 500 вработени, тие се обратија до раководството на АКХ, протестирајќи дека вакцинирањето на персоналот во таа институција се прави со вакцини на АстраЗенек, а не како што беше планирано од Бионтек-Фајзер.
Управата на АКХ посочува дека стратегијата за вакцинација е променета, поради проблеми со испораките на Бионтек-Фајзер.
Медицинскиот персонал на АКХ посочува дека вакцината АстраЗенека не е толку ефикасна како онаа на Бионтек-Фајзер, бидејќи ома ефикасност од 58 до 82 проценти.
Тие исто така наведуваат дека проблемот е што стекнувањето на имунитет со AstraZenek трае 12 недели, а со другите вакцини три недели.
