Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ ВО ВЕСТМИНИСТЕР, ЖЕСТОКО СЕ ВТУРНАЛ ВО САНДАКОТ НА КРАЛИЦАТА: Настанал хаос на бдеењето

СКАНДАЛ ВО ВЕСТМИНИСТЕР, ЖЕСТОКО СЕ ВТУРНАЛ ВО САНДАКОТ НА КРАЛИЦАТА: Настанал хаос на бдеењето

Скандалот се случил синоќа во Вестминстерскиот хол во Лондон за време на бдеењето на починатата кралица Елизабета Втора. Непознат маж од засега непознати причини ненадејно влетал во ковчегот на кралицата Елизабета, а поради тоа настанала општ метеж и итна интервенција на обезбедувањето и полицијата.

Шокантниот настан се случи околу 22 часот пред стотина граѓани кои се згрозиле од глетката. Биле запрепастени и стотици сведоци на случката кои неколку часа чекаа во ред за да и оддадат почит на починатата кралица.

Човекот кој направи хаос излетал од редот и се упатил кон ковчегот и успеал само да го допре пред да биде уапсен, пренесува британски „Гардијан“. Тој е уапсен за сторено кривично дело загрозување на јавниот ред и мир. На јавноста и беше дозволено да и оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора, но луѓето во просек чекаа повеќе од 12 часа за да станат до ковчегот. Долги редици се формираа пред Вестминстерската сала откако членовите на кралското семејство - кралот Чарлс III, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард - им оддадоа приватна почит.

ФОТО: EPA


Слично

Поврзани вести