Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА: Трамповата „десна“ рака си даде оставка

СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА: Трамповата „десна“ рака си даде оставка

Доналд Трамп ја извреѓал Хоуп Хикс, својата директорката за комуникации и ја нарекол глупава затоа што таа признала дека зборувала „бели лаги“ за претседателот на сведочењето пред истражниот комитет на Белата куќа.

Анонимен извор за CNN откри дека Хикс поднела оставка и дека нејзиното заминување од Белата куќа ќе остави голема празнина во кругот на луѓето на кои Трамп најмногу им верува. Таа му била и десна и лева рака , но и најмногу си верувале.

Трамп по сведочењето ја прашал Хоуп „ како можела да биде толку глупава “.

-Тоа беше последната капка за Хоуп Хикс, пренесе CNN.

Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли вели дека ова е лажна вест.

Хикс дала изјава пред истражниот комитет на Белата куќа и одговарала на прашањата за наводната поврзаност на Трамп и Русите. Иако рекла дека некогаш кажувала „бели лаги“ за претседателот, тврди дека секогаш била искрена кога се работи за прашања поврзани со Русија.

Трамп во средата го изјави следново: „ Хоуп е извонредна и си ја сработи одлично работата последните ти години. Таа е паметна и мудра како и сите големи луѓе. Ќе ми недостасува, но кога ми пријде и ми соопшти дека има нови можности пред себе, потполно ја разбрав. Сигурен сум дека ќе соработуваме пак во иднина“.

Хикс возврати: „ Немам зборови кои би биле доволни да ја изразат мојата благодарност кон претседателот Трамп. Му посакувам нему и на неговата администрација сѐ најдобро во понатамошното водење на нашата земја. “


Слично

Поврзани вести