Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ ВО АМБАСАДА НА САД: Отпуштени 32 лица поради порнографија во Камбоџа

СКАНДАЛ ВО АМБАСАДА НА САД: Отпуштени 32 лица поради порнографија во Камбоџа

Американската амбасада во Камбоџа отпушти 32 работника бидејќи учествувале во споделување на порнографска содржина во неофицијална група на социјалните мрежи.

Според западните медиуми, фотографии и видео снимки, на кои се наоѓаат и лица помлади од 18 години, биле споделувани преку група на Фејсбук.

Фотографиите ги открила сопруга на еден од вработените и го пријавила случајот во Амбасадата, која, пак, ги испратила во Федералното истражно биро (ФБИ).

– Одземени им се акредитациите и телефоните поради натамошна проверка, наведува анонимен извор.

Меѓу отпуштените има и Американци, припадници на обезбедувањето и локален персонал, но нема дипломати.

Стејт департментот засега не го потврди случајот, објаснувајќи дека станува збор за доверлива работа.

извор: МИА


Слично

Поврзани вести