Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скандал: Викторија Нуланд „сочно“ ја опцу ЕУ!

Скандал: Викторија Нуланд „сочно“ ја опцу ЕУ!
Скандал предизвикаа крајно недипломатските зборови за ЕУ од помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд во телефонски разговор со американскиот амбасадор во Украина Џефри Најт. „Нека се е.. ЕУ“, му рекла Нуланд на својот соговорник, а за да биде проблемот поголем, целиот телефонски разговор бил снимен и завршил на интернет. Двајцата дипломати разговарале во врска со решавањето на украинската политичка криза, при што Нуланд јасно навестува дека САД нема да го поддржат влезот на опозиционерот Виталиј Кличко во новата украинска Влада, туку го преферираат Арсениј Јаценјук. Во разоворот, Нуланд го споменува Роберт Сери, кој е именуван од ОН за специјален претставник за Украина. „Овој Роберт Сери ќе заврши одлична работа за да се средат работите. Добро е што ОН помага во решавање на проблемите. Нека се е... ЕУ“, вели Нуланд. Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни не даде никаков коментар во врска со овој инцидент, ниту кој е одговорен за објавувањето на разговорот на интернет. Еве како течеше целиот разговор на Нуланд и Најт. http://www.youtube.com/watch?v=qv7qy7jot30
Слично

Поврзани вести