Скандал токму на Денот на победата над фашизмот!
Американската компанија Проктер енд Гембл, токму денеска на Денот на победата над фашизмот, мораше да го повлече од продажба промотивното пакување на прашокот за перење Ариел, на кое случајно се нашла неонацистичка ознака.
Според соопштението на компанијата, се стопира продажбата на кутијата на која се наоѓа слика на бел фудбалски дрес со бројот 88 испишан со црна боја, затоа што пакувањето предизвикало многу негативни коментари на социјалните мрежи.
Имено, бројот 88 има посебна симболика за неонацистите. Бројот осум екстремната десница го поврзува со осмата по ред буква во абецедата - Х, додека двојна осумка го означува нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“.
Слично
