Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ СРЕДЕ СУДЕЊЕ: Обвинетиот со пенкало се обидел да го убие сведокот

СКАНДАЛ СРЕДЕ СУДЕЊЕ: Обвинетиот со пенкало се обидел да го убие сведокот

Федералниот суд во Солт Лејк Сити објави застрашувачка снимка од 2014 година.

На снимката се гледа како член на банда со пенкало го напаѓа сведокот кој сведочел против него, пред да го убие чуварот. Обвинетиот Сиал Ангилау (25), член на бандата на кого му се суди за рекетирање, одеднаш станува, зема пенкало и го напаѓа сведокот кој бега од него. Во тој момент чуварот вади пиштол и испукува во Сиал четири куршуми.

Сведокот, кој исто така е член на бандата и кој сведочел против Ангилау, во моментот на нападот бил со лисици на рацете, но успеал да го избегне и остане неповреден.

Видеото е објавено откако судот го отфрли обвинението на семејството на настраданиот за прекумерна употреба на сила.

Сиал Ангилау починал во болница од здобиените повреди. Бил обвинет со уште 17 членови на бандата за завера, кражби и напади. 



Слично

Поврзани вести