Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКАНДАЛ: Полицаец можел да го спречи масакрот на Флорида

СКАНДАЛ: Полицаец можел да го спречи масакрот на Флорида

Вооружен полицаец, кој бил распореден во училиштето во Флорида во кое беа убиени 17 лица, стоел надвор од зградата во текот на престрелката и не интервенирал. Од локалната полиција потврдија дека полицаецот Скот Питерсон не сторил ништо за да го спречи минатонеделниот масакр.

- Шокиран сум. Мака ми е во стомакот. Тој никогаш не влезе - изјави Скот Израел, шериф на Броуард каунти.

Израел додаде дека Питерсон поднел оставка откако бил суспендиран од должноста. 

- Питерсон не ја кажа причината зошто не влезе во зградата каде што беше напаѓачот. Тој бил присутен во кампусот на средното училиште и пристигнал во зградата 90 секунди по првиот истрел. На видео-снимките може да се забележи дека Питерсон останал надвор четири минути, а нападот траел шест минути - истакна Израел.

Нападот го изврши 19-годишниот Николас Круз, кој со полуавтоматска пушка „ар-15“ уби 15 деца и двајца возрасни. По масакрот, американскиот претседател Доналд Трамп предложи вооружување на учителите, за да се спречат вакви напади во идинина, јави Би-би-си.


Слично

Поврзани вести