СКАНДАЛ: Фолксваген ги лажел купувачите и во Европа, а можеби не е единствен!
Германскиот министер за сообраќај Александар Добриндт изјавил дека Фолксваген признал дека и во Европа е наместено мерењето на издувните гасови како и во САД, пренесе Би-Би-Си.
Добриндт рекол дека не е познато колку од 11 милиони спорни возила на Фолксваген се наоѓаат во Европа и додал дека треба да ги провери и автомобилите на други произведувачи.
Скандалот со Фолксваген изби минатата недела кога американската Агенција за заштита на околината востановила дека скоро 500 000 дизел автомобили на Фолксваген произведени во последните седум години, се опремени така да при техничка контрола лажно го покажуваат составот на издувни гасови.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/09/25/dali-krizata-so-folksvagen-ima-vlijanie-na-makedonskiot-avtomobilski-pazar/" target="blank" ]Дали кризата со Фолксваген има влијание на македонскиот автомобилски пазар?[/button]
Во спорните автомобили бил вграден уред кој вклучувал компјутерски систем за полна контрола на издувни гасови само кога автомобилиот минува кон официјално тетсирање, а таа контрола е исклучена во текот на нормалните услови за возење, иако би морала да биде често уклучена.
Добриндт навел дека му било кажано дека автомобилите со дизел мотори 1,6 и 2,0 се„зафатени со таа манупулација“. „Јасно е дека Федералната канцеларија за моторен сообраќај нема да се концентрира само на спорни VW модели туку ќе се тестираат и возила на други произведувачи“, рекол министерот.
Од избивањето на скандалот пазарната вредност на Фолксваген паднала за околу 30 одсто, додека акциите на БМВ паднале за 10 одсто поради наводите дека и други произведувачи на автомобили лажеле на тестовите. БМВ демантираше дека таа компанија ги наместувала резултатите.
VW поопасен од Грција
Колку е „силен“ ударот на овој скандал говорат и оценките на поедини аналитичари, кои предупредуваат дека „кризата во тој гигантски произведувач на автомобили би можела да претставува поголема опасност за германската економија откололку што е тоа грчката должничка криза“.
Фолксваген е најголемиот германски произведувач на автомобили, кој вработува повеќе од 270 000 луѓе во земјата, а уште има вработени меѓу неговите добавувачи.
