Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЈО го истражува убиството на Мартин Нешковски

СЈО го истражува убиството на Мартин Нешковски

Тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева го испитува случајот за убиството на Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт од полицаец на должност за време на прослава на ВМРО-ДПМНЕ на скопскиот плоштад пред 4 години.

Ова го потврди Јанева, која додаде дека до неа пристигнале и барања и за преземање на предметите за случајот Диво Насеље, Монструм, Сопот и Ровер, но тие се во фаза на разгледување, а дополнително специјалното обвинителство ќе процени дали ќе ги преземе во нивна надлежност.

„Сите се во преглед на разгледување, кога ќе добиеме конкретни информации ќе излеземе на прес-конференција" - рече специјалната обвинителка.

Специјалното јавно обвинителство досега се прогласи за надлежно за 36 предмети, а предметот за Нешкоски е поднесен до специјалното обвинителство на барање на братот на починатото момче.

Слично

Поврзани вести