Ситуацијата во источна Украина се вжештува – убиени 40 украински војници
Четириесет припадници на украинските безбедносни сили загинале во борбите во Донецк во изминатите 24 часа, а биле уништени и два тенка, соопштуваат претставниците на Донецката Народна Република.
Според нивните извештаи во нивните редови загинале пет бунтовници, додека меѓу цивилите животот го загубиле пет лица, а 26 биле ранети, пренесува „Гласот на Русија“.
Гранатирањето на градскиот реон и понатаму продолжува со несмалено темпо.
„Засилени се престрелките на целата линија на фронтот. Украинската војска продолжува да носи тенкови и оклопни возила и техника“, се вели во соопштението на претставниците на ДНР.
Слично
