Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ситуацијата со бегалците е најсериозен тест за Меркел

Ситуацијата со бегалците е најсериозен тест за Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел предизвика конфузија во сопствениот политички камп и помогна за зајакнување на тензиите помеѓу европските лидери со одлуката за прифаќање на илјадници бегалци, пишува списанието „Шпигел“.

Меркел се наоѓа во огромни маки, откако дојде на власт пред десет години. Откако одлучи да дозволи влез на бегалците во Германија од територијата на Унгарија, таа стана симбол на нова Германија, која е подготвена да помогне.

Сега сепак станува јасно дека на тој начин Меркел создала неувереност во своите сонародници и предизвикала збунетост помеѓу нив, истакнува германското издание.

Многу европски лидери сметаат дека оваа култура на дружељубивост од страна на Меркел за нов израз на стремеж кон хегемонија - прво наметнување на буџетски заштеди, а сега прифаќање на бегалци, наведува списанието.

„Шпигел“ сепак истакнува дека протокот на бегалците во Средоземното Море започнал доста однапред пред Меркел да го заземе своето решение, а и откако Германија ги отворила своите границите, земјите од Југоисточна Европа се смета дека имаат право да испратат луѓето подалеку на север, се истакнува во материјалот, цитиран од агенциите.

Слично

Поврзани вести