Ситуацијата со коронавирусот во Северна Кореја се влошува
Ситуацијата со коронавирусот во Северна Кореја се влошува.
Светската здравствена организација(СЗО) соопшти дека нема пристап до податоците за состојбата со епидемијата на коронавирусот во Северна Кореја. Здравствените експерти претпоставуваат дека ситуацијата со епидемијата во земјата се влошува, спротивно извештаите од Пјонгјанг за „напредок во лекувањето на треската“.
Северна Кореја која ги објави своите први случаи на коронавирус на 12 мај, минатата недела соопшти дека болеста (официјално посочена како „треска“ во земјата) е под контрола, со известувања на државните медиуми дека бројот случаи се намалува.
Слично
