Ситуација пред ескалирање? Руски медиуми тврдат дека со часови се гранатирани места во Луганск и Доњецк-Украина демантира
Додека очите на светот се насочени кон моменталната ситуација во Украина и растечките тензии со Русија, се појавија тврдења дека украинските безбедносни сили утринава два часа гранатирале населени места на териториите на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, што Украина жестоко негираше.
Според моментално достапните информации, обвинувањата биле искажани од претставништвата на републиките во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот, а дополнително се пренесени од новинската агенција Доњецк.
Во меѓувреме, Украина остро ги отфрли сите наводи, а беше кажано дека е отворен оган врз нивната војска.
„И покрај фактот што беше отворен оган врз нашите позиции од забрането оружје, вклучително и артилерија од 122 милиметри, украинските сили не возвратија“, изјави за Ројтерс висок украински функционер.
фото: илустрација
