Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИТЕ ЗЕМЈИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД НАШАТА УНИЈА“: Урсула фон дер Лајен најави промени во ЕУ

„СИТЕ ЗЕМЈИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД НАШАТА УНИЈА“: Урсула фон дер Лајен најави промени во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стразбур најави дека следниот месец ќе ги претстави идеите за реформирање на Европската унија за да може да функционира со 30 или повеќе членки.

„Комисијата ќе ги претстави нашите идеи пред Европскиот парламент и Советот следниот месец, пред лидерската дебата организирана од белгиското претседателство“, рече Фон дер Лејен во говорот пред европратениците на пленарна седница во Стразбур.

Таа рече дека по одлуката за отворање преговори со Украина и Молдавија и Босна и Херцеговина, кога Унијата ќе ги исполни бараните услови, почнала да работи на сопствени реформи за да може да функционира по проширувањето. Европската унија потврди дека земјите од Западен Балкан треба да бидат членки, како и Украина, Молдавија и Грузија.


Бидејќи на ЕУ и е тешко да одлучува и со денешните 27 членки, ќе биде уште потешко со 35, 36 членки. Затоа, постојано се нагласува дека ЕУ мора да се подготви за проширување, во исто време кога земјите аспиранти се подготвуваат за членство преку преговарачкиот процес.

„На последниот Европски совет се согласивме да ги отвориме пристапните преговори со Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, кога ќе ги исполнат потребните критериуми. Го одобривме статусот кандидат за Грузија и ја потврдивме нашата колективна посветеност на иднината во која сите земји од Западен Балкан ќе бидат дел од нашата Унија. Но, како во пракса ќе функционира Унијата од 30 или повеќе земји? Само ние, во рамките на Европската унија, можеме да одговориме на тоа прашање“, рече Фон дер Лајен.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести