Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ГОВОРОТ НА ЕДИ РАМА: „Тие јадат, пијат, се фотографираат, а се работи за иднината на светот!“

СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА ГОВОРОТ НА ЕДИ РАМА: „Тие јадат, пијат, се фотографираат, а се работи за иднината на светот!“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше самитот за климатски промени COP29 во Баку и праша која е поентата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.

- Таму луѓето јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува во светот секој ден. Животот продолжува, со старите навики, додека нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо – рекол Рама, пренесува Гардијан.


Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглерод диоксид се зголемени од последниот самит на COP.

- Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што всушност правиме на овој собир, повторно и повторно, ако нема заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистински промени – праша Рама.

Говорот на Рама го пренесоа водечките светски медиуми.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести