Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СИТЕ ВО ЕВРОПА МОРА ДА БИДЕMЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ВОЈНА“ Драматично предупредување од германскиот министер за одбрана!

„СИТЕ ВО ЕВРОПА МОРА ДА БИДЕMЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ВОЈНА“ Драматично предупредување од германскиот министер за одбрана!

Мора да бидеме подготвени за војна додека како земја се бориме да спречиме ширење и ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, вели Писториус

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус за ЗДФ нагласи дека Европа, како и Германија, мора да бидат подготвени за војна.

Конфликтот на Блискиот Исток и војната меѓу Русија и Украина секако ќе имаат последици за германското општество, смета министерот за одбрана Борис Писториус.


- Мораме да разбереме и да се соочиме со фактот дека може да има војна во Европа. Германија мора да може да се одбрани, тоа важи и за армијата (Бундесверот) и за општеството – рече тој.

Но, министерот, како што пренесуваат европските медиуми не засатана тука. Тој дополни дека мора да бидат подготвени земјите во случај на проширување на конфликтот на Блискиот Исток. 

– Мораме да бидеме подготвени за војна додека ние како земја се бориме да спречиме ширење и ескалација на блискоисточниот конфликт – рече тој.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести