СИТЕ СТРАВУВАА ОД ОВА: Студентките ќе носат црни абаја фустани, а никаб ќе им ги покрива лицата - новиот кодекс за облекување на Талибанците
Студентките од Аввганистан ќе треба да носат црни абаја (фустани) со никаб што ги покрива нивните лица и наставата ќе им се одвива во посебни училници само за девојчиња, според декретот издаден од новиот режим на Талибанците пред повторно отворање на приватните колеџи во земјата.
Кога Талибанците првпат дојдоа на власт, помеѓу 1996 и 2001 година, скоро на сите девојки им беше забрането да учат. Беше задолжително да се носи бурка, која целосно ја покриваше главата, лицето и телото, а очите на жената беа покриени со мрежа.
Абаја, која ќе треба да ја носат студентки на приватни факултети, е широк и долг фустан што го покрива телото. Никаб го покрива лицето и ги остава очите отворени.
Кога станува збор за одделни предавања за девојчиња и момчиња, „ќе биде комплицирано да се примене во пракса“.
„Имено, немаме доволно професори или доволно сали за предавања за да ги разделиме девојчињата од машките“, изјави за АФП професор на факултет кој сакаше да остане анонимен. Сепак, тој додава дека „фактот што на девојчињата им е дозволено да посетуваат настава и да одат на предавања на колеџ, само по себе е доста значаен и позитивен”.
Извор: Јутарњи лист
