СИТЕ СЕ ПРАШУВАА ЗОШТО ЈА НЕМА ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ ДА ГО ПОДДРЖИ НОВАК - сега причината е позната
Новак Ѓоковиќ одлично напредува во Париз каде стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос каде за противник ќе го има Карен Хачанов. По воведните натпревари Ѓоковиќ доби голема поддршка на трибините бидејќи неговите деца Стефан и Тара пристигнаа во Париз.
Тие се голем поддржувачи на Новак, но сите забележаа дека неговата сопруга Јелена не е на трибините, што за многумина беше невообичаено. Причината веројатно лежи во тоа што Јелена била на гала вечерата во Рим, каде што ја претставувала фондацијата Новак Ѓоковиќ.
Во Рим беше организирана донаторска вечер по завршувањето на ИТФ турнирот ПЛ Опен, кој се играше од 28 мај до 3 јуни, каде Фондацијата Новак беше партнер на турнирот, како и Здружението Петар Пан, на кое приходот од хуманитарната вечера ќе бидат донирани.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Јелена отпатувала директно од Белград за да присуствува на оваа гала вечера, а со неа била и директорката на Фондацијата Ѓоковиќ, Маја Јовановиќ.
Таму беа и новинарот Стефано Мелокаро, комичарот Марко Капрети и водителката Елена Рамонино. Новак за хуманитарната аукција ги донираше рекетот и опремата со кои го освои 22. Грен слем турнир на Австралија опен. Сите средства од аукцијата ќе бидат искористени за промовирање на пристапот во раното детство преку Фондацијата Новак Ѓоковиќ.
Нова.рс