Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИТЕ НАДЕЖИ ПОТОНАА: На полноќ почнува трговската војна меѓу САД и Кина

СИТЕ НАДЕЖИ ПОТОНАА: На полноќ почнува трговската војна меѓу САД и Кина

Кина соопшти дека на полноќ на 6 јули  (по кинеско време), на денот кога САД најавија дека воведуваат царини на кинеската стока во вредност од 34 милијарди долари, и таа ќе воведе царини во иста вредност на стоки од Америка.

Поради временските разлики, кинеските царини стапуваат на сила пред американските.

„Нашите мерки се еднакви, а тоа значи дека ако САД почнат на 6 јули и ние почнуваме на 6 јули“, рекол изворот кој сакал да остане анонимен.

Потсетуваме, Кина соопшти дека е „целосно подготвена“ за трговската војска со САД.

Надежите за надминување на тензиите помеѓу тие две најголеми економии во светот се се помали.


Слично

Поврзани вести