Сите мостови се уништени и Северодоњецк е отсечен
Началник на Луганск, Серхиј Гајдаи вели дека уништени се сите мостови кон Северодоњецк, и речиси е невозможна евакуација на цивили.
Тој додаде дека сѐ уште има „некој пристап“ кон градот. Гајдаи на Телеграм напиша дека руските војници немаат целосна контрола над градот, и дека „дел“ сѐ уште го држи украинската армија. Северодоњецк е целосно отсечен од остатокот на светот бидејќи се уништени сите три моста преку реката Сиверски Доњец.
Извор: МИА
Фото: EPA-EFE/STR
Слично
