Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сите ја викаме „ветената земја“, но и таа разочара, еве зошто!

Сите ја викаме „ветената земја“, но и таа разочара, еве зошто!
Се повеќе показатели има дека Норвешка, за многумина „ветената земја“, губи интезитет и покажува знаци на слабост. Норвешката круна падна на седуммесечен минимум во однос на еврото, по што норвешката економија забави во вториот квартал. tumblr_l68k8sOiK31qc4b4io1_5001-650x325 Круната падна за 10 проценти во претходните три месеци во однос на еврото, поради тоа што цената на сировата нафта, најголемата извозна ставка на Норвешка, исто така забележа пад, што влијаеше на целокупната инвестиција и раст на невработеноста. Забележан е пад и на вкупната економска активност на Норвешка во вториот квартал, додека „континенталниот“ БДП забележа незначителен раст од 0,2 проценти во кои не е пресметано производството на нафта и поморскиот сообраќај. Со цел да го надмине новонастанатиот економски проблем, Норвешка најверојатно ќе посегне и за својот „црн фонд“, односно да почне ги троши заштедените пари кои ги обезбеди од продажбата на нафта. Владата на земјата која важи за најголем производител на нафта и гас во Западна Европа подготвува нацрт на буџетот кој предвидува користење на фондот од 875 милијарди долари за отворање на нови работни места и ублажување на кризата. Глобалната состојба на Норвешка никако не и оди од рака, со оглед на тоа дека нафтата бележи пад на цената во последните два месеци и едвај успева да ја одржи над психолошката граница од 40 долари. Во прилог не е ниту состојбата во Грција, која најверојатно ја очекуваат нови избори, но и наглото влошување на економската слика на Кина, која има големи последици на своите економски текови во светот. К.К.
Слично

Поврзани вести