СИРСКИ: Жестоки борби се водат на 10 километри од Покровск
Жестоки борби се водат во близина на украинскиот град Покровск.
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави дека поминал неколку дена на источниот фронт кај Покровск и ги опиша борбите како „исклучително тешки“. Вели дека непријателот сака да ја пробие одбраната.
Најжестоките борби, додаде тој, се водат во областа Красни Јар, на околу 10 километри од Покровск. Сирски рече дека источните предградија на Хродивка, на помалку од девет километри од стратешката рута што ја поврзува Костјантинивка, се под силни напади.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Покровск е „исклучително тешка“, дека Киев дополнително ќе ги зајакне своите позиции и дека се размислува за „конкретни одбранбени акции“.
Украинската армија денеска потврди дека борбен авион Ф-16 се урнал при приближување кон цел за време на руски напад во понеделникот, а пилотот загинал во инцидентот.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две и пол години.
