Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сирски: Војната е тешка, но Украинците ја добиваат психолошката битка

Сирски: Војната е тешка, но Украинците ја добиваат психолошката битка

Украинците ја добиваат психолошката битка, вели командантот на ​​копнените сили на Украина, генералот Олександр Сирски, во интервју за „ABC News“. 

Тој изјави дека светот треба да биде загрижен поради заканата на рускиот претседател Владимир Путин дeка може да употреби нуклеарно оружје.

„Во моментов мислам дека победуваме и покрај предизвиците на војната. Прво, Украинците ја добиваат психолошката битка. Имаме успех на бојното поле, но војната е тешка“, изјави командантот за „ABC News“.

Додава дека немало војни од такви размери во Европа, ниту никаде во светот, од Втората светска војна. 

„И ние разбираме дека оваа војна е за опстанок на нашиот народ и нашата земја и затоа мора да победиме“, вели Сирски.

Според чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,  руските одговори на гранатирањето од Украина се слаби.  Тој изјави дека украинските градови треба да бидат избришани од лицето на земјата.

Слично

Поврзани вести