Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сирски тврди дека тие веќе никого не молат, туку другите армии бараат обука од нив

Сирски тврди дека тие веќе никого не молат, туку другите армии бараат обука од нив

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски кажа дека Украина го прифатила ограничувањето на војската на 800.000 војници.

Сирски кажа дека се променил односот на западните сили кон украинската војска. Тој вели дека неодамна имал состанок со началникот на одбраната на Велика Британија и Франција

„Тие бараат од нас да ја обучуваме нивната војска. Смета дека тоа е најголемо признание, ние повеќе никого не молиме, тие доаѓаат кај нас“, изјави Сирски. 

Сирски рече дека Русија оваа година планирала целосно да ги оствари целите на таканаречената „специјална воена операција“, но дека тие планови пропаднале.

„Плановите беа грандиозни. Но денес можеме да констатираме дека не се остварија, дека беа осуетени. Непријателот претрпе огромни загуби“, рече Сирски.

Тој оцени дека структурата на војната се променила и дека конфликтот влегол во нова, значително понапредна технолошка фаза.

„Мисијата на нашите вооружени сили е иста: да ја браниме нашата татковина, нејзината територија и граници и да го уништиме непријателот“, изјави врховниот командант на украинската армија во интервју за Канал 24.

Тој додаде дека му било кажано оти украинските вооружени сили се „први во Европа, а веројатно и во светот“ според стекнатото борбено искуство.

Руската инвазија на Украина почна пред скоро четири години.

Слично

Поврзани вести