СИРСКИ ТВРДИ ДЕКА КОНТРОЛИРААТ СТО НАСЕЛБИ ВО РУСИЈА: Откри колку војници заробиле во Курск
Генералoт Олександр Сирски тврди дека украинската армија контролира сто населби во Русија.
Вели дека Украина ја продолжува офанзивата врз руската територија Курск. Тој додаде дека украинските сили контролираат 1.294 квадратни километри руска територија и сто населби, а заробиле 594 руски војници.
Сирски истакна дека една од целите на украинската инвазија врз Курск беше „повлекување на значителен број непријателски трупи од другите подрачја“ како што се Покровск и Куракхова во Донбас, и дека успешно е постигната таа цел.
Зборувајќи на форумот „Украина 2024. Независност“ во Киев, Сирски рече дека Москва прераспоредила околу 30.000 свои војници од други сектори во насока Курск, „и овој број расте“.
Украинската офанзива во Курск почна на 6 август. Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години.
Слично
