Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРСКИ ПРИЗНА: Ситуацијата е сложена кај Покровск

СИРСКИ ПРИЗНА: Ситуацијата е сложена кај Покровск

Жестоки борби се водат кај Покровск во Украина. 

Украинскиот врховен командант, генералот Олександр Сирски, денеска изјави дека ситуацијата во правец на  Покровск,  „е сложена“, но дека се носат неопходните мерки, без одлагање, пренесуваат британските медиуми.

Според утринските податоци на украинскиот Генералштаб, четвртина од сите воени судири во изминатите 24 часа се во правец на Покровск.

Покровск е клучен логистички центар што го користи украинската војска за снабдување и засилување на своите војници на источниот фронт.

Русија утрово објави дека Украина пак извршила напади со дронови.  На 6 август, украинските сили влегоа во Курск во Русија и уште се таму. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести