Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сирски oткри што се случува со руските борци и Вагнер кај Бахмут

Сирски oткри што се случува со руските борци и Вагнер кај Бахмут

Битката достигна највисок интензитет,  вели генерал полковник, Олександр Сирски, командант на Украинската копнена армија и еден од најважните украински генерали. 

Тој вчера го посети источниот град Бахмут, соопшти украинското Министерство за одбрана.

„Вчера, генерал-полковник Олександар Сирски, командант на копнената армија, уште еднаш ги посети единиците кои го бранат Бахмут, како и предградијата“, се наведува во соопштението на украинското Министерство за одбрана.

Кажа дека непријателот испрати дополнителни борци во битка. 

„Нашите војници храбро ги бранат своите позиции северно од Бахмут и се обидуваат да го спречат опкружувањето на градот“, изјави Сирски, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Не говореше за можно повлекување на украинските сили, но кажа дека вооружените сили на Украина им нанеле „значителни загуби“ на Русите во изминатите месеци.

„Сето ова време, обидите на непријателот да го освои градот беа отфрлени благодарение на издржливоста на нашите војници. Нашите бранители му нанесоа значителни загуби на непријателот и уништија голем број возила. Ги принудивме најдобрите единици на Вагнер да се борат и го намаливме офанзивниот потенцијал на непријателот“, изјави украинскиот генерал.

Сирски ја организираше и водеше одбраната на Киев, а украинската армија под негово водство успешно ги поттисна руските сили кои речиси целосно го опколија главниот град на почетокот на руската инвазија. Сирски редовно ги посетува единиците на фронтот во Донбас и на други места, вклучувајќи го и Бахмут. Тој последен пат го посети Бахмут на крајот на минатата недела.

Украина не се повлекува од Бахмут. Државниот и воен врв донесе ваква одлука. 

Украинци објавуваат видео на кое се гледа како руските сили убиваат заробен Украинец и во последните мигови од животот изговара „Слава на Украина“. 

Слично

Поврзани вести