Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИРОМАШТИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ваква економска криза немало 150 години во светот

СИРОМАШТИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ваква економска криза немало 150 години во светот

Економската криза во Либан е една од најтешките во последните 150 години, проценува Светска банка. Скоро пет милиони Либанци живеат во сиромаштија. Десетици илјади луѓе останаа без работа, а многумина ја напуштија државата во потрага по подобар живот.

Кризата се влоши во последните месеци поради политичките расправии меѓу ривалските групи, што го одложи формирањето на новата влада, откако премиерот Хасан Диаб поднесе оставка неколку дена по експлозијата на 4 август.  Светска банка оцени дека либанското раководство воопшто не одговорило на тие предизвици.

Се наведува дека од крајот на 2019 година, Либан се соочува со предизвици, вклучувајќи ја најголемата мирновременска економска и финансиска криза, ширењето на коронавирусот и разорната експлозија во пристаништето Бејрут минатата година, што се смета за една на најголемите ненуклеарни експлозии во историјата.

Бруто домашниот производ на Либан минатата година беше намален од околу 55 милијарди долари на 33 милијарди и тој падна за 40 проценти по глава на жител.

Со децении во Либан доминира истата политичка елита составена од поранешни воени началници и команданти на граѓанската воена милиција, потсетува Бета. Корупцијата е широко распространета во последните децении, доведувајќи ја малата земја на работ на банкрот.

Во март лани, Либан не го плати својот долг по првпат во историјата, затоа што вредноста на нивната валута изгуби повеќе од 85 проценти од својата вредност. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести