СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ НЕ ГИ ДОБИВААТ ВАКЦИНИТЕ НАВРЕМЕ, ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ТРАЕ И ВО 2022: СЗО предупредува на ниска опфатеност со имунизација против ковид
Светската
здравствена организација денеска алармираше дека во сиромашните земји процентот
на опфатеност со вакцинација против ковид е премногу низок и предупреди дека пандемијата
на корона вирусот ќе трае една година подолго од тоа што е потребно, бидејќи
сиромашните земји не ги добиваат вакцините кои им се потребни.
Од СЗО напоменуваат дека дури помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, во споредба со 40-те проценти на останатите континенти. И порај тоа што на сиромашните африкански држави од страна на Велика Британија им се ветени 100 милиони вакцини, земјата испорачала само 10 милиони вакцини. Повеќето вакцини против се дадени во земји со високи и средни приходи, додека на Африка отпаѓа само 2,6 проценти од дозите дадени ширум светот.
